Поврзете се со нас

АБА лига

Радуловиќ: Многу е јасно зошто е ваков резултатот

Објавено

на

Составот на МЗТ Скопје загуби од Младост Земун со 95-75 во првиот четвртфинален меч од плејофот во АБА2 лигата.

Со овој висок пораз клубот од Аеродром се стави во многу тешка ситуација, речиси невозможна мисија за два дена да ја надокнади оваа негатива и го продолжи настапот во регионалното натпреварување.

Тренерот Дарко Радуловиќ не сакаше премногу да зборува за настапот на неговите момци, ама најави дека тие како екипа ќе дадет се себе на вториот дуел за да направат чудо.

-Нема што многу да се коментира, кога ќе ве натскокаат за 25 скока (47-22) многу е јасно зошто е ваков резултатот. Едноставно беа поагресивени, поборбени, не одговоривме на таа агресивност. Имаме два дена да се соземеме и се обидеме вратиме по оваа голема негатива, не смееме да се предаваме, -рече Радуловиќ.

Младост му одржа лекција на МЗТ Скопје, „металците“ пред невозможна мисија за пласман во полуфиналето

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни