Поврзете се со нас

АБА лига

Младост му одржа лекција на МЗТ Скопје, „металците“ пред невозможна мисија за пласман во полуфиналето

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје е на добар пат и оваа година да остане без пласман во елитната АБА конкуренција откако попладнево претрпе убедлив пораз од Младост Земун од 95-75.

Македонскиот претставник не најде одговор за противникот кој ги натскока (47/22), забележа повеќе асистенции (21/16) и подобро шутираше за еден, два и три поени. Ова значи дека Младост беше подобар во сите најважни категории и сега пред „металците“ е тешка мисија за два дена во Подгорица да избрише негатива од 20 разлика и го продолжи патот во ова натпреварување.

Карачиќ со 15 и Тарнер со 10 беа играчите со двоцифрен учинок кај МЗТ, додека пак Дресхел со 24 беше прво име кај победникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни