Франција
Мбапе за ужасната слика која ја остави ударното трио на ПСЖ во Манчестер: Свесни сме што треба да направиме за тимот
Килијан Мбапе даде доста искрени одговори во ексклузивното интервју кое го одработи за Тјери Анри, а кое беше спроведено од страна на „Амазон Прајм“, сервис со кој соработува легендарниот француски напаѓач од стартот на сезоната.
Анри редовно дава свои коментари за францускиот фудбал како експерт за „Амазон Прајм“ и сега го интервјуираше својот помлад сонародник, од кој изнуди навистина интересни одговори поврзани за големото разочарување во летниот преоден рок, но и за новото трио во ПСЖ.
Тјери беше еден од оние кои гласно ги критикуваа Мбапе, Нејмар и Меси за неверојатната пасивност на гостувањето кај Манчестер Сити и фактот што воопшто не и помагаа на одбраната, а за лошата оставена слика е свесен и Килијан.
– Против Манчестер Сити, бевме сигурни во нашите дефанзивни играчи и имавме верба во нив. Вистина е, имаше моменти кога не помагаме ние тројцата и не се браневме.
– Свесни сме дека треба да направиме повеќе ние тројца и не планираме да се криеме. Го прифаќаме тоа со статусот кој го имаме изградено. Мора да спречиме вакви изданија со кои ќе испровоцираме критики дека не сме доволно сплотени за тимот, – потенцира Мбапе.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план