Поврзете се со нас

Франција

Мбапе му се отвори на Анри за пропаднатиот трансфер во Реал, па порача: И докажав на јавноста за што сум способен

Објавено

на

„Амазон Прајм“ го објави ексклузивното интервју кое му го направил Тјери Анри на Килијан Мбапе, во кое актуелната големата ѕвезда на ПСЖ уште еднаш се отвора за огромното разочарување во летниот преоден рок, но и одговорот кој го подготвил за цела фудбалска јавност.

Мбапе потенцира дека за време на Европското првенство донел одлука да си замине од ПСЖ, па бил навистина лут и разочаран кога ПСЖ ја одбил понудата од Реал Мадрид за трансфер во самата завршница од преодниот рок.

– Вистина е, бев разочаран што не направив трансфер. Не е лесно кога нешто посакувате, а не се остварува. Што и да се случи, знам дека и во иднината ќе играм во голем клуб. И сега сум во тим кој има аспирација да ја освои Лигата на шампионите и не можам да се жалам.

– За време на Европското првенство си поставував многу прашања. Зборував многу со моите родители, знаев дека сакам да си одам од ПСЖ. За жал, потрошив многу нешта на надворешни работи и тоа се одрази врз мене на турнирот, – вели Мбапе кој во ниту еден случај не сака да прифати дека е себичен, нешто на што алудираше јавноста за време на Европското првенство.

– Јас сум најдобар асистент во Франција и најдобар асистент во Лигата на шампионите, а тоа докажува дека не сум себичен играч кој мисли само на давање голови. Знам дека можам многу повеќе од тоа и докажав на јавноста за што сум способен, – завршува Килијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни