Лига на нации
Големо понижување за Вајс по поразот од Македонија: Селекторот на Грузија доживеа непријатна ситуација на пресот (Видео)

Владимир Вајс беше доволно самокритичен по историскиот пораз од Македонија и на прес-конференцијата нагласи дека ја презема одговорноста и си поднесува оставка од селекторската позиција во Грузија, но тоа беше само почетокот на бизарниот прес кој го одржа противничкиот селектор.
Вајс покажа класа и во своето обраќање и го честиташе на Македонија историскиот пласман на Европското првенство, но сепак словачкиот стручњак ќе го памети поразот од нашата селекција и по големото понижување кое го доби од локалните новинари на прес-конференцијата.
Откако го имаше своето воведно обраќање во кое се извини за слабата игра на неговиот тим и го честиташе пласманот на Македонија на континенталниот собир, на ред дојдоа прашањата на новинарите, а уште првото предизвика навистина непријатна ситуација.
Еден од грузиските новинари нагласи дека е крајно повреден од поразот од Македонија и сериозно му забележа на Вајс што не направил замена до 80-та минута од средбата во ситуација кога тимот изгледаше безопасно кон нашиот гол, по што заклучи дека не може да го слуша неговото обраќање пред медиумите и покрај тоа што досега многу го почитувал. Новинарот порача дека зборува во име на повеќе свои колеги, по што најголем дел од претставниците на медиумите го напуштија прес-центарот и буквало го понижија Вајс на денот кога претрпе тежок пораз.
Ова беше дополнителен удар за разочараниот Вајс, кој самиот порача дека ги брои последните денови во селекцијата на Грузија, односно професионално ќе ги одработи претстојните два дуели од Лигата на нации во текот на наредните седум дена, по што ќе се повлече од функцијата.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…