Поврзете се со нас

Лига на нации

Вајс си поднесе оставка по историскиот меч во Тбилиси и испрати честитки до Македонија

Објавено

на

Владимир Вајс на прес-конференција која ја искористи како најава за историскиот дуел со Македонија понуди две сценарија за него и неговите фудбалери, а на крајот се исполни она второто кое ја израдува цела македонска јавност.

Словачкиот стручњак нагласи дека неговите фудаблери ќе бидат или херои, или губитници по историскиот меч со Македонија на „Динамо Арена“, а исполнувањето на второто сценарио го натера да донесе тешка одлука на прес-конференцијата која се одржа во Тбилиси.

Грузискиот селектор нагласи дека се повлекува од својата функција и веќе нема да ја предводи најсилната репрезентација, односно најави дека Грузијците ќе добијат нов селектор по одработувањето на претстоните два натпревари во второто издание од Лигата на нации.

– Се извинувам за ова денеска, јас сум одговорен за резултатот, но ова е фудбалот. Таков е фудбалот, но животот продолжува понатаму. Им се извинувам на сите, на моите играчи, навивачите, Федерацијата, на сите Грузијци. Македонија постигна еден гол и тоа беше доволно да победи. Честитки до нив, беа подобар тим и одат на Европско првенство. Ние остануваме дома и ова е многу тажен ден за мене.

– Не можам да издвојувам индивидуалци и да кажам дека некој не беше доволно мотивиран. Очекувавме повеќе во нападот, имав доцни измени, но немавме поквалитетни играчи на клупата. Победникот беше решен со еден гол, а тоа значи дека моето време во селекцијата истекува. По следните два натпревари, ќе добиете нов тренер, нова надеж. Работам во Грузија пет години и овој ден е тажен за сите, – заврши Вајс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни