Шпанија
Флик: Црвениот картон го промени натпреварот

Барселона оствари убедлива победа во соочувањето со Реал Сосиедад, победа од 4-0 со која одново се врати на лидерската позиција во шпанската Примера.
Барселона го преслуша Сосиедад и се врати на лидерската позиција во Ла Лига (ВИДЕО)
Клубот од Баскија беше тотално немоќен на „Монжуик“ и низ целиот натпревар не упати ниту еден удар кон голот на домашниот тим. Гостите од 17 минута играа без капитенот Елустондо, па Ханси Флик беше искрен и призна дека тоа им помогнало да воспостават доминација, поточно комплетно да го неутрализираат ривалот.
-Црвениот картон многу го промени натпреварот. Тие се добар тим, но мислам дека ги притиснавме и го заслуживме резултатот. Иако беа со десетмина, важно е да не се допуштаат шанси. За тоа зборувавме во текот на неделата по натпреварот против Атлетико. Можеби со малку повеќе дисциплина можевме да постигнеме уште неколку голови, ама не требаше да биде. Среќен сум за Касадо и Мартин кои ги постигнаа своите први голови, -истакна Флик кој е среќен што екипата е на врвот на табелата.
-Секогаш гледаме на позитивното и наша работа беше да се трудиме, но да одиме ден за ден. Сега сме први и мора да продолжиме, подвлече Германецот.
-
Италија6 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија6 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија7 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија9 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Балкан5 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет4 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет2 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…