Шпанија
Барселона го преслуша Сосиедад и се врати на лидерската позиција во Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона со доминантно издание го суреди Реал Сосиедад (4-0) и се врати на лидерската позиција во најсилната шпанска фудбалска конкуренција.
Каталонците важеа за фаворити и тоа го потврдија на теренот на „Монжуик“ каде целосно го неутрализираа гостинот од Баскија кој од 17 минута играа со играч помалку откако Елустондо направи прекршок врз Олмо по што заслужено му беше покажан патот кон соблекувалната.
Избраниците на Флик доминираа и во периодот од 25 до 29 минута постигнаа два гола преку Мартин и Касадо, двајца играчи кои ретко се запишуваат во листата на стрелци.
Во вториот дел уште еден дефанзивец реализираше и тоа капитенот Араухо кој учествуваше и во четвртиот гол затоа што по неговиот шут Левандовски го промени правецот на топката која заврши во мрежата на Ромеро.
Барса има 57 бода или еден повеќе од Атлетико Мадрид и три од бранителот на пехарот Реал Мадрид.
ТУКА погледнете ги сите голови.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично