Свет
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
Огромното несогласување од јавноста и реалните критики упатени кон креаторите на контроверзната Европска Супер лига доведоа до тоа сите 12 клубови да одлучат да се повлечат од намерата за формирање на ново натпреварување.
УЕФА и ФИФА уште вчера се заканија дека ќе им забранат на клубовите учество во натпреварувањата организирани под нивна капа, а постоеше реална закана за забрана за учество и во домашните шампионати.
Потоа стигнаа најави дека и Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, па дури и Манчестер Јунајтед, клуб кој беше меѓу организаторите, ќе се откажат од лигата, за сега „TalkSPORT“ да пренесе дека претставници на сите 12 клубови вечерва ќе имаат итен состанок на кој ќе разговараат за откажување на Европската Супер лига.
Огромниот притисок од јавноста си го стори своето, па Супер лигата на Перез и компанија заживеа само на хартија, не и во реалноста. Како што стојат работите, навивачите може да останат смирени и да не очекуваат крупни промени во фудбалот во догледно време.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план