Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема по жестоките критики за Винисус: Додека кучињата лаат….. (Фото)

Објавено

на

Карим Бензема беше „уловен“ од француски „Телефут“ како се жали за играта на еден свој соиграч, или поточно за себичната игра на Винисиус Жуниор со кого Французинот и минатата година имаше неколку дискусии на теренот.

Во конверзацијата со Ферлан Менди, може да се слушне како Бензема му порачува на својот сонародник да не му ја додава топката на Бразилецот, кој доста често во првото полувреме се одлучуваше на индивидуално завршување на акциите.

Ваквите зборови на францускиот напаѓач предизвикаа бура од реакции во јавноста од различен тип, а Бензема почувстува потреба да се огласи на социјалните мрежи по повод оваа тема, која очигледно за него не е премногу влијателна.

– Додека кучињата лаат, деветката си минува, – порача Бензема на Инстаграм стори, а потоа имаше порака и за кам-бекот на Реал во самата завршница од мечот со Менхенгладбах.

– Никогаш не се предаваме, ние сме Реал Мадрид, – нагласи Карим на Твитер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни