Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Камерите повторно уловија интересна комуникација во Реал Мадрид: Бензема оговара соиграч додека тој стои пред него (Видео)

Објавено

на

Видеата од „зад сцената“ кои излегуваат во јавноста а се поврзани со Реал Мадрид привлекуваат доста големо внимание.

Пред неколку денови Иско беше во центарот на вниманието затоа што на клупата за резервни фудбалери со неговите соиграчи зборуваше против односот на Зидан кон него и за тоа што не му дава доволно минутажа.

Сега, францускиот медиум „Телфут“ објави видео од вчерашниот натпревар помеѓу Борусија Мехенгладбах и Реал Мадрид. На видеото се гледа како Бензема разговара против Винисиус Жуниор заедно со неговиот сонародник Ферлан Менди.

Интересно е тоа што заедно со нив беше и Винисиус кој не разбираше што зборуваат француските фудбалери.

– Тој прави што сака, играј на мене. Ти велам, тој игра против нас, – му се обрати Бензема на Менди.

Потоа сите тројца имаа меѓусебна конверзација, а дека зборовите на Бензема вродиле со плод јасно покажува и статистиката од вториот дел. Менди дури девет пати го проигал својот сонародник, додека само три пати му додал на Винисиус Жуниор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни