Евролига
Звезда направи голем пресврт против Баерн и ја прекина црната серија во Евролигата
Црвена Звезда ја прекина лошата серија од четири последователни порази во Евролигата, такашто денеска се врати од голема негатива за на крајот да оствари победа над Баерн Минхен.
Преполната „Штарк арена“ беше доволно голем мотив за домашните играчи, па негативата од минус 14 не се покажа како клучна, и покрај тоа што гостите го контролираа резултатот речиси цел меч.
Баерн постојано беше во водство од крајот на првата до почетокот на четвртата четвртина, но иако предноста од 14 разлика беше на средина на третата, истата се стопи и на крајот „црвено-белите“ остварија голема победа.
Звезда ја запиша втората победа во шестиот европски настап сезонава со победа од 74:68, а лидер беше искусниот Теодосиќ кој запиша дабл-дабл со 16 поени и 11 асистенции.
Важни во победата беа и Лука Митровиќ и Шабаз Нејпир кои уфрлија по 11 поени, а еден од јунаците на крајот беше и Јаго Дос Сантос кој постигна осум поени.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план