АБА лига
Звезда го декласираше Будуќност и се пласираше во АБА финалето
Црвена Звезда покажа дека е неколку класи подобар тим од Будуќност и на прелесен начин се пласираше во финалето во АБА лигата, откако разликата во квалитет дојде до израз и на гостувањето.
По убедливата победа на домашен терен, „црвено-белите“ очекуваа да наидат на доста посериозен отпор кај Будуќност, но мечот во Морача беше максимално едносмерен, со исклучок на првата четвртина.
Будуќност имаше сила само за 10 минути и го доби овој период со 26:25, но после тоа следеше голем пад во играта, а уште во втората четвртина стана јасно што ќе следи во продолжение.
Звезда направи пресврт откако ја доби втората четвртина со 23:8, а победата беше потврдена во третата во која резултатот гласеше 29:11.
Последните 10 минути беа само рутина, но фаворитот продолжи да „меле“ и на крајот запиша преубедлива победа од 97:56 за 2:0 во серијата и пласман во финалето во АБА лигата.
Во второто полуфинале, Партизан ќе ги одмери силите со Цедевита Олимпија.
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП4 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија3 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!