АТП
Зверев го призна тешкиот пораз и пронајде една голема сличност меѓу Синер и Ѓоковиќ

Александер Зверев ќе мора да почека на својата прва грен слем титула во кариерата, откако германскиот тенисер загуби и во третото финале кое го одигра на најголемата тениска сцена.
По поразите во финалињата на Ју-Ес Опен и Ролан Гарос во кои губеше со пресврт, овојпат не доби никаква шанса во пресметката со Јаник Синер, па популарниот Саша немаше проблем да признае дека бил целосно надигран од светскиот рекет број еден.
Италијанецот не му допушти ниту една брејк топка на Зверев во текот на трите сета, а притоа беше доминантен и подобар во речиси сите тениски елементи.
– Од тоа што можам да го видам, Синер е многу сличен на Ѓоковиќ кога Ноле беше на врвот. Едноставно тие двајца не промашуваат, те тераат да мислиш дека можеш да ги скршиш само со силни удари. Многу е тешко да освоите поен од основна линија против нив двајца, се движат феноменално и секогаш стигаат на секоја топка. Во овој момент, тоа што го понуди Синер беше предобро за мене.
– Јаник беше подобар и мора да се признае. Јас бев подобар само во сервис играта, се останато беше на негова страна. Синер во овој момент е најдобар тенисер на светот на тврда подлога, – изјави Зверев, кој и покрај тешкиот пораз, не планира да се откаже од сонот.
– Сигурно дека не сакам да останам запаметен како најдобриот играч на сите времиња кој никогаш не освоил грен слем. Ќе дадам се од себе еден ден да го подигнам најважниот трофеј на еден од четирите најзначајни турнири, – изјави Саша.
Sin-sational 🔥@Infosys • #AusOpenWithInfosys • #Tennis • #AusOpen • #AO2025 • @wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis pic.twitter.com/F1TH4fFjgA
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 26, 2025
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија12 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија16 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија14 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА19 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП13 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)