Шпанија
Зидан со последниот драстичен потег му пресуди на Бејл (Фото)
Зинедин Зидан го повика капитенот Серхио Рамос за гостувањето во Манчестер и покрај тоа што нема да може да смета на неговите услуги, акција која всушност веќе беше најавена од страна на угледните медиуми кои често добиваат инсајдерски информации од клубот.
Целта на Рамос како капитен ќе биде позитивно да влијае врз групата и покрај тоа што нема да може да помогне на теренот, но ако тоа се очекуваше, Зидан со својата последна одлука јасно стави до знаење дека воопшто не смета на Герет Бејл.
Иако агентот на Бејл се обиде да потенцира дека Велшанецот ќе остане во Реал и покрај сите непосакувани одлуки од тренерот Зидан, фактот што Герет не се најде во официјалната листа на играчи кои отпатуваа за Англија е добар доказ дека Зизу не очекува помош од него ниту како резерва.
Оваа одлука на Зидан е највпечатлива досега бидејќи во листата има дури 24 фудбалери кои се дел од експедицијата, но во истата немаше место за Бејл, за кого Зизу најверојатно смета дека не влијае позитивно врз групата со своите последни постапки.
Покрај Бејл, во официјалната листа на Зидан го нема и Хамес Родригез, фудбалер кој веќе е во потрага по нов клуб.
📋 ¡Estos son los 24 jugadores convocados para enfrentarnos al @ManCityES.@CodereApuestas | #HalaMadrid pic.twitter.com/BXZLu27KKk
— Real Madrid C.F. (34🏆) (@realmadrid) August 5, 2020
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч