Шпанија
Зидан седна на местото на Белингам во соблекувалната на Реал и откри што мисли за Англичанецот (Видео)
Зинедин Зидан се врати на „Сантијаго Бернабеу“ изминатиов викенд и во саботата ги потсети фудбалските фанови на својата класа која го красеше во текот на цела играчка кариера, а мора да се признае дека Зизу е елегантен и во шестата деценија во животот.
Французинот со серија добри технички потези се издвои на теренот на пресметката меѓу легендите на Реал Мадрид и Порто, но сега се појави видео и од зад сцената.
Реал Мадрид преку својата телевизија долови дека Зидан го искористил шкафчето на Џуд Белингам и седел на неговото место во соблекувалната, па било побарано од него да каже неколку збора за новата англиска ѕвезда.
Белингам го избра бројот „5“ и на тој начин се издвои како природен наследник на легендарниот Зизу, кој не крие дека е воодушевен од спектакуларните предиспозиции кои ги поседува Џуд.
– Од петка за петка! Бројот ни е ист и тоа е точно, но немаме исто години…….
– Тој е спектакуларен, навистина е спектакуларен. Имаме среќа што го имаме тука во Реал Мадрид, навистина е многу добар и се надевам дека ќе донесе многу трофеи за клубот, – порачува Зидан.
🗣️ Zinedine Zidane en la taquilla de Jude Bellingham: "De cinco a cinco, no tenemos la misma edad pero el mismo número sí. Jude Bellingham es espectacular, tenemos suerte de tenerlo en el Real Madrid es muy bueno y espero que traiga muchos trofeos." 🥹🤍pic.twitter.com/mFWNdS3LEz
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) March 24, 2024
-
Италија14 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија16 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет13 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија9 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија8 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)