Поврзете се со нас

Европски купови

ЖРК Ѓорче Петров против скандинавски ривал во Европската лига, своите противници во ЕХФ купот ги дознаа и Чаир и Металург

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонските клубови денеска ги дознаа своите европски ривали во машка и женска конкуренција, а ЖРК Ѓорче Петров како наш најдобар женски тим ќе не претставува во Европската лига на ЕХФ.

Ѓорчепетровки ќе бидат дел од квалификациите за Европската лига, а клубот кој освои двојна круна на домашната сцена имаше улога на носител на ждрпката.

Тоа на хартија им донесе полесен противник во првото квалификациско коло, бидејќи за ривал ќе го имаат тимот на Хурс од Шведска. Ако македонскиот женски шампион ја мине оваа рунда, во следното коло ќе игра против Париз 92.

Ракометарките на Ѓорче Петров првиот меч против Хурс го играат на гостински терен, па предност за нив ќе биде и тоа што реваншот го играат на домашен терен.

Покрај ждрепката за Европската лига, беа извлечени и паровите за ЕХФ Купот, натпреварување во кое Чаир за ривал го доби Керженг од Луксембург, а Металург ќе игра против Гореле од Турција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни