Свет
Жезус откри каков план има за Алиоски и го одложи планираното деби за Фенербахче

Езџан Алиоски денеска го одработи првиот тренинг со своите нови соиграчи во Фенербахче, но и со новиот тренер чии инструкции ќе треба да ги слуша во новата натперварувачка сезона.
Жорге Жезус е искусен и трофеен стручњак од кого може многу да се научи, па водејќи се по своите јасни методи, Португалецот денеска на турските новинари им открил дека ќе почека извесно време, пред да му даде шанса на македонскиот репрезентативец.
Фенербахче утре игра натпревар против Словачко во квалификациите за Лигата на Европа, средба од која сепак нема да биде дел големото летно засилување.
– Алиоски само што се приклучи на тимот. Сè уште не е физички подготвен. Тој нема да игра на натпреварот со Словачка, – им порачал Жезус на новинарите.
– Тој е во фаза кога треба да се развива преку тренинзи во пресезоната и нема да биде веднаш во комбинација за игра. Од играчите кои последно дојдоа, Густаво Енрике е најподготвен за настап, – изјавил Португалецот.
-
Формула 1пред 13 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 14 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 13 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 14 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Англијапред 16 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Светпред 24 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Англијапред 7 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил
-
Англијапред 23 часа
Нуњез се огласи и ја испрати првата порака по ударот со глава за црвен картон (ФОТО)