Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ждрепка за ЛШ: Еурофарм Пелистер ја избегна „групата на смртта“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер втора сезона по ред ќе биде дел од европската елита, а сигурно главна цел на „зелено-белите“ ќе биде да го поправат впечатокот и да оставарат победа во најелитното натпреварување.

Македонскиот првак беше дел од денешната церемонија на ЕХФ и се најде во групата А, во која поволно сценарио е дека нема ниту еден европски првак.

Групата А е далеку полесна од групата Б која е „група на смртта“, па ова дефинитивно е поволна ждрепка за битолчани кои со поголемо искуство и со поголеми амбиции ќе влезат во новата сезона.

Група А:
Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер

Група Б:
Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Колштад

Пелистер изминатава сезона претрпе 14 порази на исто толку натпревари во Лигата на шампионите, па повеќе од јасно е дека главна цел ќе биде поправање на сликата која изгледаше лошо и за македонскиот ракомет.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни