Македонија
Засилувања за Чупиќ: Вардар се пофали со ангажмани на два средни бека (Фото)

По големото разочарување на крајот од сезоната, Вардар одлучи да го менува тренерот и веќе го претстави Иван Чупиќ како нов лидер на проектот, а истиот од денеска е побогат за две имиња на бековските позиции.
Македонскиот вицешампион со пофали со ангажман на двајца играчи кои играат на позицијата десен бек, а тоа се Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно.
Кавада е 19-годишен талентиран јапонски ракометар кој доаѓа од младинската репрезентација која играше на последното Светскот првенство во Полска, а доказ за неговиот талент е и фактот што бил прогласен за МВП на минатогодишното Азиско првенство.
Младиот Јапонец важи за еден од најголемите ракометни таленти во својата земја, но покрај него, дел од Вардар во новата сезона ќе биде и Боно.
За разлика од Кавада, Аргентинецот е доста поискусен и има 27 години, а во редовите на Вардар пристигнува од француски Истр.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!