Мото ГП
Зарко ја прекина доминацијата на Маркез во Германија, квалификациите најавија супер возбудлива трка
Марк Маркез немаше загубено во едни квалификации на Захсенринг уште од времето кога се натпреваруваше во помалите категории во 2009-та година, се до денеска кога Жоан Зарко беше подобар од фаворитите и се избори за стартно место на омилената трка на осумкратниот светски шампион.
Маркез беше добар во текот на сите тренинзи, но на крајот мораше да се задоволи само со петто место, иако разликата е навистина минимална и е најава за супер интересна трка утре попладне.
Зарко успеа да ја прекине страшната доминација на Маркез на трката за Големата награда на Германија кога се во прашање квалификациите, но исто така го спречи и Квартараро да стигне до шеста поп-позиција во низа од стартот на сезоната.
Повозрасниот Французин беше подобар од својот сонародник кој ќе стартува втор, а во првиот ред ќе го видиме и Алеши Еспаргаро кој беше фантастичен со својата Априлија.
Џек Милер ќе стартува пред Марк Маркез на четвртото место, вториот ред го комплетира Оливеира, а меѓу првите десет се најдоа уште Марти, Пол Еспаргаро, Накагами и Бањаја.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план