Македонија
Започнува турнирот на медиумите во организација на „Спортското радио 90,3“

Денеска пред платото на ТЦ Бисер во населбата Аеродром во Скопје започнува 32. издание на Турнирот на медиумите во мал фудбал во организација на Спортското радио 90.3 фм.
На првиот ден од турнирот ќе ги проследиме натпреварите во мал фудбал 3х3 меѓу македонските РТВ куќи кои годинава ќе настапат на манифестацијата, а тоа се составите на Сител, Канал 5, Алфа ТВ, МРТВ, Телма и Спортско радио 90.3 фм.
Според распоредот на натпреварите денешната дружба и фудбалски натпревар стартува во 11 часот со првите два ревијални натпревари на кој ќе настапат најмладите од основните училишта на територијата на општина Аеродром, а потоа ќе следуваат многу интересни пресметки во двете групи меѓу медиумите, се до финалето кое е закажано во 15.30 часот.
Натпреварите ќе се играат на специјален терен за натпревари во мал фудбал 3х3 кој ќе биде поставен на платото на ТЦ Бисер. Утре вториот ден на турниот ќе има интернационален карактер на кој ќе се појават репрезентации составени од естрадни ѕвезди, поранешни фудбалери и спортисти, јавни личности од земјите од соседството, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и секако Македонија.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план