Поврзете се со нас

Македонија

Второ засилување за вицешампионот: Американецот Дејвис е нов член на ТФТ

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски шампион, ТФТ Скопје го официјализираше второто засилување за новата сезона во која клубот освен на домашната сцена ќе игра и во АБА2 лигата.

Нов член на клубот од Тафталиџе е Станли Дејвис кој минатата кампања ја заврши во Поругалија во редовите на Галомар каде имаше просек од 14.2 поени, 2.8 скокови и 2.3 асистенции по натпревар.

Инаку Дејвис е искусен играч кој има настапувано во Албанија, Босна и Херцеговина, Обединетото Кралство, Грузија, Либан, Португалија, Сирија и неговата татковина САД.

Претходно ТФТ го официјализираше Џастин Гордон, додека пак Тома Стојаноски потпиша нов двегодишен договор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни