Поврзете се со нас

Свет

Време е за нов предизвик: Фирмино ја заврши приказната со Саудиска Арабија

Објавено

на

Фото: https://x.com/ALAHLI_FCEN

Некогашната ѕвезда на Ливерпул, Роберто Фирмино си заминува од Ал Ахли и Саудиска Арабија.

Од 2023 година беше дел од тимот од Џеда со кого во минатава сезона ја освои азиската Лига на шампиони. Меѓутоа сега е време за нов предизвик за напаѓачот кој се одлучи да се пресели во Катар и тоа во тимот за кој своевремено Чави Ернандес настапуваше и потоа го водеше-тоа е тимот на Ал Сад.

За 33-годишниот Фирмино ова ќе биде нова задача, тим во кој играат неколку негово сонародници, клуб за кој од неодамна потпиша и талентот на Барселона, Пау Прим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни