Боречки спортови
Врачени наградите „8 септември“ за достигнувања во спортот

„Овие награди значат огромна чест, но и огромна одговорност, да ги носите со гордост и со достоинство и да бидете достојни претставници на македонското општество“,- ова им го порача министерот за спорт, Борко Ристовски, на добитниците на наградите „8 Септември“ за постигнувања во спортот, при свеченоста за доделување на наградите во Собранието.
– Чест и задоволство ми е што ги доделуваме овие награди за посебни спортски достигнувања на овој голем и значаен празник. Би сакал да порачам ова да биде само еден поттик следната година да имаме уште повеќе пријавени, ние како држава и министерство да имаме уште повеќе награди да доделуваме. Како министерство секогаш ќе бидеме на страна на спортистите и спортските работници. Овие награди кои ги добивате се огромна чест, но и огромна одговорност, да ги носите со гордост и со достоинство и да бидете достојни претставници на македонското општество кое врз база на вашите дејствувања ќе гледа во вас идоли. Мора да градиме вистински вредности по кои што ќе се водат младите,– истакна Ристовски.
Добитник на овогодинешната награда „8 Септември“ за животно дело е Борче Костовски, спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија. Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
– Ништо не е невозможно за тој што ќе се осмели. Ние се осмеливме. Една мала група на одбрани се осмеливме да направиме чекор, од Скопје до Токио, чекор кој трае седум години. Се осмеливме да освоиме олимписка норма, се осмеливме да ги погледнеме најсилните противници во нашиот спорт во очи и да ги победиме. Се осмеливме да стигнеме во олимписко финале на олимписки игри. Сето тоа резултираше со сребрен медал и со поставување на нашето знаме на олимпискиот пиедестал,– истакна Костовски.
Признанија за остварувања во областа на спортот денеска им беа доделени и на Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, и Димитар Јованов од борење, како и на стрелецот на првиот гол за македонската фудбалска репрезентација, Зоран Бошковски.
-
Италија15 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија16 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија16 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет13 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија8 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)