Англија
Вокер: Ако играме вака следната недела на „Енфилд“……..

Манчестер Сити се посрамоти на домашен терен во дербито со Тотенхем и претрпе петти пораз во низа во сите натпреварувања, лоша серија каква што не се памети во целата тренерска кариера на Пеп Гвардиола.
Потопот на „Итихад“ со резултат 0:4 дефинитивно нема позитивно да влијае на кризата која сега и дефинитивно е очигледна, па иако Шпанецот по мечот ги смируваше страстите и се обиде да остане прибран, Кајл Вокер како еден од капитените го вклучи алармот.
Десниот бек на Сити нагласи дека тој и соиграчите ќе мора да се ресетираат и позитивно да одговорат на следниот натпревар во Премиер лигата, односно гостувањето кај директниот ривал за титулата, Ливерпул.
– Според мене, добра вест за нас е што следниот меч во Премиер лигата е против Ливерпул. Тоа е добра шанса да зграбиме три бода против тим кој е пред нас на табелата.
– Но, кога ќе одиме таму, не смееме да си дозволиме перформанси како овие против Тотенхем. Ако играме вака, ќе не прегазат на „Енфилд“. Во меѓувреме имаме натпревар во Лигата на шампионите и истиот треба да го искористиме за најдобро да се подготвиме за дербито со Ливерпул, – изјави Вокер.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!