Свет
Војводина му врачи експресен отказ на довчерашниот голман на Пелистер поради присуство на контроверзен концерт

Ракометниот клуб Војводина ја информираше јавноста дека ја прекинува соработката со Филип Ивиќ, и тоа само две недели откако го претстави како големо засилување за новата натпреварувачка сезона.
Причина за тоа е присуството на Ивиќ на концертот на Марко Перковиќ Томпсон, пејач кој е познат по јавноста и по ширење на усташка пропаганда со своите текстови и настапи.
Ивиќ ја освои титулата во македонската елита како член на Еурофарм Пелистер и беше еден од ракометарите кои останаа без договор по крајот на сезоната, но неговиот престој во српскиот вицепрвак Војводина на крајот испадна дека ќе трае многу пократко од предвиденото.
– Ракометниот клуб Војводина, како симбол на Нови Сад и шампинска Србја, ги темели своите вредности на почит. Не само на спортските настани, туку и на она што се случило во историјата. Со запрепастеност ја примивме веста дека голманот Филип Ивиќ присуствувал на усташки собир на Марко Перковиќ Томпсон, собир кој не претставува никакво музичко собирање, туку усташки митинг на отворено на кој се величат идеите кои за српскиот народ се синоним за злостор.
– За нас како клуб кој го носи грбот на српскиот народ, тоа не може да се толерира и не е прифатливо. Во РК Војводина нема да има место за луѓе кои присуствуваат на такви настани, – гласи соопштението со кое му се врачува отказ на Ивиќ.
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија1 час
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив