Македонија
ВМФЛ: Македонија ЃП и Брегалница според планот, кикс на Арсими

Денешното саботно попладне беше резервирано за второлигашките возбудувања во нашата земја, а главните фаворити за највисок пласман продолжија со сигурни изданија на домашен терен.
По шокантниот пораз од Новаци, „лавовите“ од Ѓорче Петров влегоа во серија од четири победи во Втората лига, низа која ја продолжија со денешниот триумф над Кожув.
Македонија славеше со 3:0 на домашен терен и стигна до седмиот триумф од стартот на сезоната, па така ја одржува минималната предност која ја има пред Брегалница на првенствената табела.
Тимот од Штип на домашен терен беше подобар од Вардар Неготино со резултат 2:0, додека улогата на фаворит денеска не ја оправда Арсими кој на домашен терен ремизираше со Скопје (0:0).
Поради киксот, Башкими сега е трет на првенствената табелада во втората македонска фудбалска лига, бидејќи „зелено-белите“ денеска со 2:1 славеа над Каменица Саса.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)