Поврзете се со нас

Олимписки игри

Вирален хит: Турски олимпиец освои медал во Париз без заштитна опрема и со една рака во џеб (Видео)

Објавено

на

Турчинот Јусуф Дикеч стана вирален лик на Олимписките игри во Париз во изминатите 24 часа, а причина за тоа е неговиот став и аутфитот кој го носел за време на финалната програма во дисциплината – пукање со воздушен пиштол од 10 метри.

Дикеч го привлекол вниманието поради тоа што бил далеку порелаксиран од своите колеги кои носат специјални очила и слушалки за намалување на звукот, но за да биде е уште поинтересно, тој пукал во метата додека едната рака му била во џеб.

Ваквата сцена стана вирална и видеото на „Еуроспорт“ веќе е вистински хит, но за да биде уште подобро, Дикеч освоил сребрен медал благодарение на своето издание.

Заедно со својата сонароднчка Севал Тархан, Јусуф го освоил сребрениот медал во мешани двојки, додека златото им припаднало на Микец и Аруновиќ од Србија.

Виралната сцена има уште поголема тежина поради овоениот медал, кој е прв за Турција во историјата на Олимписките игри кога е во прашање било каква дисциплина со пукање.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни