Поврзете се со нас

Лига Европа

Викарио ја измени потсмевачката изјава на Кјелини по историската победа на Тотенхем (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SpursOfficial

Гулјелмо Викарио остана несовладан во големото финале во Билбао и успеа да го одбрани својот гол од налетите на Манчестер Јунајтед, а тоа беше гаранција за освоен трофеј за клубот кој служеше за потсмев во изминатите две децении.

Тотенхем конечно стави крај на проклетството и освои прва титула по пауза од 17 години, успех кој секако донесе огромна радост и насмевка на лицата кај сите играчи и навивачи, но и кај менаџерот Анге Постекоглу.

Критикуваниот менаџер на крај ја заврши со трофеј разочарувачката сезона за „петлите“, а Викарио го искористи моментот за да промени една позната и легендарна изјава на Џорџо Кјелини.

Поранешниот стопер на Јувентус се потсмеваше со Тотенхем откако Јувентус го елиминираше англискиот ривал во Лигата на шампиони во 2018-та година, па сега Викарио почувствува дека е вистинско време за менување на реченицата.

– Тоа е историјата на Тотенхем X! Ја променивме историјата, – гласи пораката на Викарио.

Кјелини пред седум години јасно алудираше дека историјата му се повторува на Тотенхем со неуспеси и во ситуација кога има поволен резултат, но таквиот тренд се промени вчеравечер во Билбао каде избраниците на Постекоглу славеа со 1:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни