Поврзете се со нас

Свет

Венгер му одговори на Клоп: Воопшто не го делам неговото мислење

Објавено

на

Јирген Клоп испорача жестока критика за Светското клупско првенство и нагласи дека ФИФА ја имплементираше најлошата идеја во историјата на фудбалот, заклучок на кој секако се надоврзаа и неколку други познати имиња во фудбалот.

Идејата на ФИФА го подели фудбалското семејство и има многу различни гледишта за турнирот кој е пред самата завршница, но во пресрет на големото финале кое ќе го играат ПСЖ и Челси, во одбрана на натпреварувањето застана Арсен Венгер.

Французинот му одговори на својот помлад колега со кого беше ривал во Премиер лигата, односно му порача дека воопшто не го дели мислењето кое тој го сподели во јавноста.

– Секој во светот има право на свое мислење, но јас воопшто не го делам мислењето на Јирген Клоп. Сметам дека Светското клупско првенство му е потребно на фудбалот.

– Ако денес направите истражување и ги прашате сите клубови кои беа дел од ова натпреварување, сигурен сум дека 100 проценти од луѓето ќе ви кажат дека повторно би дошле на ваков турнир.

– Тоа е најдобриот одговор за нас. Тоа не е мое мислење, тоа не е мислење на Клоп, тоа е мислење на самите актери. Убеден сум дека се беше многу позитивно, – изјави Венгер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни