Лига на шампиони
Венгер ги посочи двата главни фаворити за трофејот во ЛШ и заклучи: Нивото на фудбалот во Европа бележи пад!
Рестартот на сезоната во Лигата на шампионите носи многу непознати заедно со себе, бидејќи никој не може со сигурност да каже кој тим во каква форма ќе настапи, бидејќи има неколку ситуации со состави кои веќе неколку месеци се надвор од натпреварувачки ритам.
Пандемиајта со коронавирусот ги поремети сите планови и Лигата на шампионите за првпат ќе се игра во турнирски коценпт, што значи дека одлуката ќе падне на еден натпревар кој ќе се игра на неутрален терен, а не како досега на две средби на домашен и гостински терен.
Новите околности ги менуваат и прогнозите за тоа кој е главен фаворит за освојување на трофејот, а во ситуација кога навистина тешко е да се каже кои тимови се во најдобра форма, легендарниот Арсен Венгер одлучи да посочи два.
– Навистина е многу тешко да се даде било каков тип. Кога играте против тимови како Аталанта и Атлетико Мадрид, се може да се случи на теренот. Сепак, за мене, Манчестер Сити и ПСЖ се два главни фаворити поради потенцијалот кој го поседуваат во своите тимови, – изјави Венгер за „Europe 1“ и потоа повеќе се задржа на ПСЖ.
– Може да се каже дека ПСЖ беше покомапктен и покомплетен како тим пред неколку години, но тогаш и натпреварувањето имаше посилни тмови. Мислам дека има пад во нивото на европскиот фудбал, па поради тоа ПСЖ е еден од главните фаворити, – заклучи Венгер.
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија24 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија7 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда