Македонија
Вардар ја продолжи победничката серија, Металург го освои Охрид

Ракометарите на Вардар ја продолжија победничката серија и славеа над Прилеп со 41-24 во мечот од 8. коло од првата македонска лига.
„Црвено-црните“ одиграа рутински, двете полувремиња ги добија со тоа што далеку порасположени за игра беа во вторите 30 минути кои ги реализираа со 25-13. Во прв план беа крилата, па така Ѓукиќ со 7 голови беше најефикасен, додека пак по 6 дадоа Дибиров и Георгиевски.
Металург пак покажа ново лице и се избори за триумф кај секогаш незгодниот Охрид со 29-24. Пресуден беше првиот дел во кој скопскиот тим го спушти домаќинот на само шест голови (12-6) и со тоа си го отвори патот до третиот сезонски триумф.
На преостанатите две средби Струга и Еурофарм Пелистер 2 одиграа без победни 30-30, додека Пролет го надигра Радовиш со 27-21.
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија20 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП12 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)