Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ги обелодени деталите од договорот на „хрватскиот пакет“ (Фото)

Објавено

на

Вардар ќе има навистина поразлично лице во новата натпреварувачка сезона, не само поради промената на институционален план, туку и поради фактот што голем број од играчите кои досега настапуваа за европскиот шампион нема да ги гледаме во Скопје.

На нивно место пристигнуваат нови ракометари кои се гладни за успеси и пробување на европската сцена, а такви двајца се хрватските ракометари Анте Гаџа и Јосип Векиќ кој во „пакет“ пристигнаа во македонската престолнина.

Анте Гаџа е директна замена за Сташ Скубе кој си договори трансфер уште пред да се стабилизира ситуацијата во Вардар, додека Јосип Векиќ игра на позицијата десен бек и важи за ракометен џин со оглед на тоа што е висок два метри.

Покрај нив двајца, во блиска иднина се очекува да пристигне и третиот Хрват во редовите на Вардар, бидејќи е постигнат договор со Ловро Јотиќ кој експресно остана без ангажман во Бенфика.

– Во новата сезона средниот бек Анте Гаџа и десниот бек Јосип Векиќ ќе бидат дел од тимот на Вардар 1961. Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, а Векиќ остане во Скопје до 2024 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни