Германија
ВАР приреди непријатно дежа ви за Баерн: „Фармацевтите“ победија со пресврт (Видео)
Изминативе 48 часа во Минхен минаа со многу коментари и најави за големиот дуел со Манчестер Сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но тоа донесе негативно влијание во домашното првенство.
Баерн влезе како голем фаворит во пресметката со Баер Леверкузен, но „фармацевтите“ само потврдија дека неверојатно многу напредуваат под водство на Чаби Алонсо, па денеска остварија голема победа на „Бај Арена“.
Гостите од Минхен имаа скромно прво полувреме во кое успеаја да поведат со голот на Кимих, но во продолжение на двапати беа шокирани од страна на ВАР системот.
Судиите во ВАР собата на двапати го повикаа Штилер да проверува сомнителни одлуки, а во двата наврати видовме ист крај. Леверкузен доби два пенали по видео проверките, а стрелец на двапати беше Паласиос кој ја презема одговорноста.
Непријатното дежа ви од ВАР значи дека Баерн го препушта врвот на табелата во Бундеслигата, каде Борусија сега има бод предност пред актуелниот шампион.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)