Свет
Ван дер Сар: Најдобриот голман во светот не е ниту во топ 10
Едвин Ван дер Сар во краток разговор за специјализираниот портал „Гол“ имаше можност да го коментира најдобриот голман во светот според ФИФА, кој според него сепак не е ниту во топ 10 во овој момент.
Светската фудбалска асоцијација две години по ред го избра Емилијано Мартинез за најдобар чувар на мрежата, меѓутоа легендариот Ван дер Сар за него нема преголемо мислење и го сместува само во топ 20 најдобри во светот.
– Не верувам дека Мартинез е во топ 10 најдобри голмани во светот во овој момент. Кога се пеналите во прашање, тогаш сигурно е во топ 10, но генерално не. Дали е во топ 20? Во топ 20 секако влегува и тој, – вели Ван дер Сар.
Легендарниот холандски голман верува дека се уште не е дојдено до смена на генерации кога се голманите во прашање, па затоа според него и натаму најдобри се Тибо Куртоа од Реал Мадрид и Мануел Нојер од Баерн Минхен.
Во истата анкета, Ван дер Сар требаше да бира измеѓу Еми Мартинез и Алисон Бекер, а Едвин без размислување го избра голманот на Ливерпул.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)