Македонија
Уникатни анегдоти: Панчев ја собра македонската спортска елита и ја промовираше својата авторизирана биографија (Фото)

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев вечерва собра многу познати имиња од сферата на спортот, сето тоа во чест на првата авторизирана биографија за популарната „Кобра“.
Денешната промоција беше одржана во „Литература.мк“ во Дајмонд Мол, автор на биографијата е Зоран Михајлов, а промотори на книгата беа др. Љубомир Кекеновски и поранешниот соиграч на Панчев, Васил Рингов.
Денешниот настан собра голем број познати имиња и на истиот присуствуваа околу 200 гости, меѓу кои и селекторот Благоја Милевски, легенди на македонскиот фудбал, неговото најблиско семејство, како и голем број новинари и пријатели.
На промоцијата беа откриени и детали од книгата во која се опишани непознати моменти од приватниот живот на Панчев, но секако преовладуваат и спортските моменти на најдобриот голгетер на овие простори.
Авторот Зоран Михајлов во делото обединил повеќе извори за да прикаже најдобра слика за неповторливата „Кобра“, а искази во публикацијата имаат етодија Спасовски, ВАсил Рингов, Годан Здравков и неколку универзитетски професори.
Напорниот проект опфаќа повеќе сегменти од животот на Панчев, неговото детство, одењето во војска, славните денови од Црвена Звезда, како и големата грешка со трансферот во Интер.
Од интересните извадоци кои вечерва беа споделени за јавноста, вреди да се издвои и изјавата на Дејан Савичевиќ, кој во биографијата на Панчев вели дека тие двајца требале да продолжат заедно во Црвена Звезда, бидејќи биле убиствена комбинација како левак и деснак.
-
Италија17 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија19 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет16 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија12 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија10 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)