Лига на шампиони
УЕФА менува важно правило за нокаут фазата во ЛШ

УЕФА минатава сезона направи радикален чекор со промена на целиот формат на воведната фаза во европските натпреварувања, но во новата сезона која претстои, Европската Федерација почувствува потреба да активира уште една промена на правило за нокаут фазата.
По одиграната лигашка сезона во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, традиционалниот ждреб одлучуваше за тоа кој ќе биде домаќин на првиот, а кој на вториот меч, но ова правило сега заминува во историјата.
Отсега, домаќинот ќе се одредува според заслуга, а тоа значи дека предност ќе има тимот кој има подобар пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, или другите европски натпреварувања.
Предноста ќе биде во тоа што реваншот ќе го игра на домашен терен, а најдобар пример за тоа од минавата сезона е оној на Арсенал и Реал Мадрид во четвртфиналето.
Арсенал имаше подобар ранкинг во лигашкиот дел и поради ждрепката го играше реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, но според новото правило, во новата сезона таков двомеч би завршил на „Емирејтс“.
Исто така, клична новост во новата сезона ќе биде и правилото за пренос на статусот на носител, а според истото, ако тим кој бил полошо пласиран во првиот дел елиминира подобро рангиран тим во нокаут фазата, автоматски го презема неговиот ранкинг за следната фаза. Подобро кажано, тимот кој победил во следната рунда го презима статусот на тимот кој го елиминирал со подобар ранкинг, па така ќе добие шанса реваншот да го игра на домашен терен.
Со овие новитети, УЕФА сака дополнително да ја нагласи важноста на лигашката фаза во Европските натпреварувања, па така борбата за топ 8 ќе биде уште пожестока и поинтересна во сезоната која претстои.
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија19 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија18 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија2 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда