Германија
Убедливи победи на Леверкузен и Борусија, Лајпциг загуби во драма со седум гола

Попладневната рунда натпревари во Германија донесе голем број голови на натпреварите кои се одиграа, а посебно расположени беа стрелците на три натпревари.
Баер Леверкузен повторно прими два гола од ривал кој не е на нивото на актуелниот шампион, но сепак домаќините успеаја да се приберат и после 2:2 постигнаа три гола во низа.
„Фармацевтите“ победија со 5:2 и запишаа триумф на домашен терен, а кам-бекот беше посебно импресивен бидејќи се вратија од негатива од 0:2.
Шик беше херој со хет-трик во мрежата на противникот, Паласио постигна еден, а истото го направи и Гранит Џака. Хајденхајм поведе со погодоците на Дорш и Хонсак, но тоа се покажа како премалку за изненадување на „БајАрена“.
Убедлива на домашен терен беше и Борусија, која во пресметката со Фрајбург славеше со 4:0 и ја продолжи стопроцентната ефектност на домашен терен. Бајер и Нмеча стрелаа во првиот дел, додека во вториот погодија Брандт и Гитенс.
Во убедливо највозбудливиот натпревар ова попладне, Хофенхајм на домашен терен го совлада РБ Лајпциг со 4:3, па така му направи најголема услуга на Баерн Минхен кој сега има осум бода предност како првопласиран.
Орбан и Нуса двапати го носеа Лајпциг во водство во првиот дел, на 1:1 израмни Хлошек, но дури четири гола следеа во вториот дел. Хофенхајм повторно израмни на 2:2 преку Бишоф, гостите по трет пат поведоа со автоголот на Нсоки, но завршниот збор го имаа домаќините.
Хлошек со својот втор донесе трето израмнување, но за пресврт се погрижи Брун Ларес во 87-та минута за голема победа на домаќините.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!