Италија
„Тутоспорт“: Фонсека веќе е под сериозен притисок, Милан размислува на сензационален наследник

Пауло Фонсека не стартуваше онака какошто замислуваше во италијанскиот фудбал, без разлика на тоа што неговиот Милан остави навистина добар впечаток за време на подготвителниот период во САД.
Офанзивниот фудбал кој го негува Португалецот ги импресионираше и неутралните фудбалски фанови, но во клуб со големина каква што има Милан, на прво место секогаш се ставаат резултатите и освоените бодови во домашното првенство.
Фонсека стартуваше со разочарувачко реми на домашен терен и со пораз од Парма изминатиов викенд, а бидејќи сега следи период во кој „росонерите“ ќе играат против Лацио, Интер и Фиорентина, медиумите почнаа дополнително да вршат притисок врз работата на новиот тренер.
„Тутоспорт“ информира дека засега Фонсека не е под сериозен ризик и ја има довербата од Златан Ибрахимовиќ, но ако не ги промени резултатите во наредните неколку кола, може да заработи и експресен отказ од раководството на клубот.
Весникот од Торино информира дека Португалецот веќе го чувствува притисокот и нема да му биде лесно во периодот во кој следи, но додава дека Милан веќе подготвил терен и за сензационална замена доколку дојде до најлошо сценарио.
Според информациите, Милан како клуб е подготвен да му даде нова шанса на Масимилијано Алегри, човек кој веќе еднаш го водеше великанот од „Сан Сиро“, но кој подоцна се етаблираше како врвен стручњак како предводник на Јувентус.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија22 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП13 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)