Европски првенства
Турската Федерација се огласи со официјално соопштение за спорната снимка меѓу Монтела и Арда (Видео)

Арда Гулер избрилјира на првиот меч на Европското првенство и постигна гол кој ќе биде кандидат за најубав на турнирот во Германија, но во второто коло доби шанса само во завршницата од мечот со Португалија.
Оваа одлука на Винченцо Монтела предизвика големо внимание и италијанскиот тренер е мета на големи критики во Турција, особено и поради видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, а кое датира од последните подготовки за Португалија.
На истото се гледа дека Винченцо не му дозволил на Арда да тренира со соиграчите и го испратил да има индивидуални вежби, но поради тоа што турските фанови кренаа голема прашина на оваа тема, Фудбалската Федерација реши да испрати официјално соопштение за да ги разреши дилемите.
– Се појави снимна од тренингот на нашата репрезентација и истото предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Пред тренингот постоеше договор меѓу стручниот штаб и Арда Гулер дека треба да тренира одвоено од тимот поради болка во препоните.
– Тренингот кој се гледа на снимката не беше испланиран за Арда и нашиот репрезентативец беше пренасочен да има индивидуален тренинг поради претпазливост. Луѓето кои ја сакаат Турција и луѓето чии срца чукаат за националниот тим, не смеат да паѓаат на вакви провокации, – гласи објавата на ТФФ.
I'm hearing Turkey coach took Arda's jersey and sent him to train alone before Czechia game. It's unacceptable if it's true. pic.twitter.com/j4ZjJeXbGI
— Dr Yash (@YashRMFC) June 23, 2024
Kamuoyuna Duyuru pic.twitter.com/lTdxQnc3uq
— TFF (@TFF_Org) June 23, 2024
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план