Поврзете се со нас

Германија

Тухел по потопот од Леверкузен: Во Германија не постои правилото кое одлично се користи во Премиер лигата

Објавено

на

Томас Тухел презема одговорност за тешкиот пораз од Баер Леверкузен и призна дека целосно ја утнал тактиката и пристапот за големото германско дерби, кое вчера заврши со огромна победа на „фармацевтите“.

Леверкузен славеше со 3:0 и направи важен исчекор кон титулата во Бундеслигата, па иако истиот не е дефинитивен и има уште 13 кола за играње, јасно е дека тимот на Чаби Алонсо е сериозен во намерата да стави крај на долгогодишната доминација на Баерн.

– Преземам максимална одговорност за тактичкиот пристап и мора вината да се бара и кај мене. Имавме цела недела да се подготвиме за овој меч, мојата задача е да ја проследам мојата идеја до играчите. За жал, не покажавме ништо од тоа што подготвувавме. Ова не се случува првпат, а нема да биде и последен во мојата кариера. Подготвивме се на најдобар начин, но се враќаме дома со празни раце.

– Леверкузен сега ја зголеми предноста, но нема да се предадеме и да го фрлиме пешкирот. Не смееме да изгубиме надеж, мора да се обидеме и да се поправиме после овој удар, – изјави Тухел по лекцијата од Леверкузен, која беше уште потешка за поднесување бидејќи првиот гол го постигна фудбалер на Баерн кој е на позајмица во Баер.

– Во Англија има едно правило кое добро се користи и многу ми се допаѓа, а истото не постои во Германија. Видовме што се случи со Станишиќ. Кога еден играч е позајмен, се враќа гладен и мотивиран за да се докаже. Тоа сум го искусил повеќе пати во кариерата и се случи и сега. За жал, правилото кое го има во Англија за неиграње на играч против својот клуб, едноставно не постои во Германија. Го видов Станишиќ по мечот и му честитав за голот, но за мене повеќе смисла ќе има ако играч на Баерн не игра против својот тим, – изјави Тухел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни