Олимписки игри
Троицки: Ѓоковиќ беше уништен во Токио, сега е друг човек

Новак Ѓоковиќ без проблеми ги мина првите две кола на Летните Олимписки Игри иако еден од тие ривали беше Рафаел Надал.
Сега пред Србиот е битката со Доминик Кепфер каде има можност да направи уште еден исчекор кон самата завршница и толку посакуваниот медал на оваа сцена.
Виктор Троицки е капитен на тенискиот тим во Париз, а како таков направи разлика меѓу оној и Ѓоковиќ од ОИ во Токио.
-Новак беше физички и психички уништен. Физички не можеше повеќе да издржи. Тој беше емотивно убиен по тој меч против Зверев. Го познавам цел живот и отсекогаш бил перфекционист. Затоа тој успеа да биде најдобар на сите времиња во спортот. Поради се што прави за тенисот, не само на теренот. Кога сега ќе заврши со тренингоѕ, тој е 100% посветен и се прави подобро и поподготвено без разлика со кого ќе игра на следниот натпревар, без разлика на целта. И затоа е толку добро подготвен психички. Тој има големи очекувања. Во Токио беше многу блиску, стигна до последната фаза во борбата за златото, но на крајот тоа не се случи.
-Мислам дека овој пат не чувствува толкав притисок како во Токио. Така беше во Токио. Овде е поинаку, бидејќи во текот на годината, исто како и лани, зборуваше за Игрите и дека златото му е најголема цел. Тој не зборуваше за тоа да биде број еден, да освои повеќе слемови. Тој зборуваше за Олимпијадата. Овде е друг играч. Тој е навистина мотивиран и таа разлика се гледа на теренот. Пред два месеци играше на Ролан Гарос и не беше толку гладен и мотивиран како сега. Тоа е разликата.
-Според мене, без разлика дали ќе освои или не, тој сепак е најдобар. Ако се докаже, се разбира, тоа би му го остварило сонот и освојувањето на златото би било големо олеснување за него. Не зборуваме за злато. Одиме натпревар по натпревар. И затоа не кажувам ништо за освојување злато, во моментов одиме чекор по чекор. Тој е фокусиран на следниот противник. Тоа е најважно. Така треба да биде и ќе видиме што ќе биде, -порача Троицки за магазинот „Клеј“.
-
Италија15 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија16 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија16 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет13 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија9 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)