Поврзете се со нас

АТП

Тренерот на Медведев детално објасни како неговиот пулен го сруши Ѓоковиќ во Њујорк

Објавено

на

Победата на Данил Медведев над Новак Ѓоковиќ денеска е топ тема во светот на тенисот, а така најверојатно ќе биде и во наредните денови.

Русинот покажа зошто веќе подолго време е меѓу најдобрите асови на планетава и во големото финале го суреди Ѓоковиќ со 3-0 со што го му го уништи сонот на Србинот за календарски грен слем, но и за 21 титула која ќе мора да ја побара на некој друг турнир.

Тренерот на Медведев, Жир Сервара по ова победа се огласи и посочи што било потребно да се дојде до истата затоа што никогаш не е лесно да се слави над Новак особено кога е во прашање финале на грен слем.

-По финалето во Австралија чувствувавме дека Данил го нема тој оган што помага вашата игра да е посилна, особено против играчи како Новак. Тоа мораше да се промени со цел ова финале да се одигра на друго ниво. Нашето чувство ден претходно и на денот на натпреварот беше дека тој е подготвен да игра на тоа ниво. Тоа е првиот дел. Повеќе ментален, енергичен дел.

-Што се однесува до играта, имавме неколку стратегии, особено понекогаш да се игра низ средината, да не отвара премногу аголот и многу да се трча. Полесно е да се каже отколку да се направи, бидејќи немаме магично стапче. Мора да играш најдобро, да имаш квалитет во ударите, да знаеш и да ја смениш стратегијата за време на натпреварот бидејќи Новак ќе се прилагоди во текот на истиот.

-Мора да почувствувате кога треба да направите нешто различно, така што имавме неколку подготвени стратегии, моравме да бидеме подготвени за различни ситуации. Секако добриот сервис беше еден од клучот. Тој навистина добро сервираше, можеби не при крај, но под тензија, притисок се е поинаку, -вели Сервара кој смета дека сега нема граници за неговиот пулен.

-Многу значи. Да се ​​победи Новак на грен слем е голема работа. Во финале уште поголема. Би сакал да го подигнеме на повисоко ниво, но сигурно ќе биде поинаку после ова, -заврши Французинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни