НБА
Тренерот на Далас: Изгубив илјадници долари поради лоши облози со Дончиќ!
Лука Дончиќ постигна луда и неверојатна тројка со една нога и при пад за голема победа против Мемфис со звукот на сирената, погодок кој дефинитивно ги воодушеви и изненади големите НБА фанови, но не и тренерот на Далас Маверикс кој откри дека загубил стотици долари досега поради слични потези на неговата најголема ѕвезда.
Рик Карлајл вели дека веќе очекува невозможни потези од Словенецот поради искуството кое го насобрал во изминатиот период, во кој загубил илјадници долари поради погрешните облози во ситуација кога го предизвикувал својот најдобар играч.
– Искрено, загубив илјадници долари обложувајќи се со Лука за удари од средината на теренот. Еднаш до толку се налутив, па бидејќи игравме во Мексико, го исплатив во пезоси.
– Веќе не се обложувам со него, имам видено како прави се, нависитна невозможни работи. Погодува од пола терен, со една нога од 12 метри. Пред тренинзите, се истегнува позади кошот и ме предизвикува со облог.
– Ме прашува дали ќе го прескокне тренингот ако погоди. Сега му велам да заборави, научив дека ќе пронајде начин за да погоди. Тој пронаоѓа агли и можности кои малкумина од нас ги сфаќаат, – објаснува Карлајл.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план