Свет
Трансфер желбата на Интер: Отворен сум за секаква опција
Од таборот на Интер ја разгледуваат опцијата да ангажираат наследник кој во иднина ќе го замени Самир Хандановиќ кој долго време е незаменлив меѓу стативите на клубот.
Меѓутоа, како што одминуваат годините станува јасно дека Хандановиќ ќе мора да биде заменет, а од Интер сериозно размислуваат да му понудат шанса на Андре Онана кој подолг период не брани поради допинг суспензија.
Онана има договор со Ајакс до крајот на сезоната, но се верува дека поголеми се шансите тој да го напушти холандскиот тим, иако денеска најави дека е отворен и за нова соработка со клубот кој во моментов го поседува неговиот договор.
– Имав шанса да се приклучам на Ница или Лион, но не постигнавме договор. Нов договор со лимитирана трансфер сума? Се може да се преговара, се уште сум отворен за нов договор со Ајакс, -изјави Онана.
Интер одблиску ја следи целата ситуација и уште во јануари ќе се обиде да го ангажира голманот на кого сигурно ќе му треба време да се врати во натпреварувачки ритам.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон