Поврзете се со нас

Свет

Трајковски оствари убав јубилеј и им се заблагодари на сите клубови (Фото)

Објавено

на

Александар Трајковски си обезбеди специјално место во историјата на македонскиот фудбал, бидејќи вечно ќе остане во сеќавање како фудбалерот кој го постигна неверојатниот гол против Италија за молк и шок во Палермо.

Македонскиот репрезентативец има 30 години и уште неколку сезони фудбал пред себе, но на влезот во четвртата деценија во животот, оствари и убав јубилеј на последниот меч.

Трајковски ја одигра завршницата на последниот натпревар на Ал Фејха во Саудиска Арабија, кој излезе дека носи нависитна убав јубилеј за неговата професионална кариера.

Напаѓачот го запиша својот 300-ти натпревар на клупски план, па тоа направи да им се заблагодари на сите клубови во кои играше досега, а тоа се Цементарница, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и сега Ал Фејха.

– Стигнав до 300 настапи на клупски план, им се заблагодарувам на сите клубови за кои играв и им благодарам за вербата која ја имаа во мене.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни