Балкан
Трајковски му испрати емотивна порака на Ракитиќ, Хрватот брзо реагираше (Фото)

Иван Ракитиќ денеска официјално ја извести јавноста дека заминува во пензија на 37-годишна возраст, а покрај честитките кои ги доби за сето она што го направи од сите свои клубови, се јавија и голем број соиграчи од неговата долгогодишна кариера.
Еден од нив е и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој во завршната етапа од престојот во Хајдук, имаше можност да ја дели соблекувалната со големиот шампион кој некогаш настапуваше за Барселона и Севилја.
– Драг Ракета, денес не е обичен ден бидејќи се означува крај на еден преубаво поглавје во твојот живот. Денеска го напушташ теренот како играч, но со себе го носиш се она големо што со години го даваше: својата страст, својата приврзаност, својата жртва и над се, својата класа на теренот и надвор од него.
– За мене беше привлегија што ја делев соблекувалната изминатава година со тебе. Многу научив, не само како соиграч, туку и како човек. Ме прими како брат и направи се се чувствувам дел од нешто посебно.
– Ти честитам за крајот од кариерата која самиот ја изгради, за целите кои ги оствари и за сите големи моменти кои му ги даде на фудбалот. Денеска престануваш да играш, но никогаш нема да престанеш да бидеш пример за нас. Среќно во се она што те чека, со почит, Алекс, – гласи пораката на Трајковски, на која брза реакција имаше и самиот Хрват.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија18 часа
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)