Поврзете се со нас

Зимски спортови

Томпсон ја реши драмата, САД стана светски шампион во хокеј на мраз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/usahockey

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави е победник на Светското првенство во хокеј на мраз кое се одржа во Шведска и Данска.

Во финалето на Стокхолм, Американците излегоа како победници од драмата со Швајцарија, селекција од која убедливо загубија во групната фаза. Меѓутоа сега исходот беше поинаков, мечот беше решен само со еден гол и тоа во продолжението, гол кој беше дело на членот на Бафало, Тејџ Томпсон.

Ова за САД е историски успех, резултат, прв златен медал од 1933 година. Кога се во прашање пак Швајцарците ова е ново разочарување за нив затоа што беше четврто загубено финале од 2013 година.

Во битката за бронзата, Шведска ја разби Данска со 6:2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни