Поврзете се со нас

Свет

Томовски го промени клубот, но остана во Германија (Фото)

Објавено

на

МАртин Томовски имаше одлична сезона во германската Бундеслига како голман на Потсдам, но откако тимот испадна од елитата, се доби впечаток дека македонскиот репрезентативец ќе се врати одново на нашата сцена.

Иако имаше понуди за кам-бек во мак-ракометот, Томовски сепак решава кариерата и натаму да ја гради во Германија, и тоа во редовите на Битигхајм.

Крајот на сезоната знаечеше и крај за Томовски во редовите на Потсдам, па сега како слободен агент направи трансфер во Битигхајм, клуб кој реши да му загарантира двегодишен договор на нашиот чувар на мрежата.

Тимот кој се натпреварува во Втората лига ќе има за цел да избори бундеслигашки статус, а со Томовски на голот, оваа цел може да биде полесно остварлива.

– Среќен сум и со нетрпение го чекам следниот чекор во Битигхајм. Имав можност да играм против Битихајм минатата сезона и ги видов сите квалитети на тимот и на тренерот Ромеро. Откако разговарав со него, одлуката за мене беше лесна. Целите се јасни и имаме исти планови, затоа мислам дека сум на вистинското место, – изјави Томовски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни